Владата на Република Северна Mакедонија на својата последна седница ја разгледа и усвои Информацијата за можноста земјата да се приклучи кон глобалната набавка на вакцини против КОВИД-19, преку COVAX механизмот за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефикасни вакцини за вирусот, соопшти Владата.
Во исто време, Владата го овласти министерот за здравство Венко Филипче да ја потпише необврзувачкатa изјава за намери за приклучување кон COVAX механизмот, и да учествува во дискусиите за консултации за дизајнот и принципите на работа на механизмот, што ќе се одржат во текот на овој месец, се додава во соопштението.