Владата нема одговори што ќе работи оперативниот тим за борба со корупцијата

Од:

Како ќе функционира оперативниот владин тим за борба со криминалот и корупцијата, кои активности ќе ги преземе и зошто се формира од министри и директори на институции од извршнта власт кои се надлежни за гонење и спречување криминал – се дел од прашањата за кои ниту од Владата, ниту од министерот за внатрешни работи, кој е и координатор на тимот, Оливер Спасовски, редакцијата на „А1он“ не доби одговори. За коментар не беа достапни ниту членовите на новоформираниот тим, додека јавноста реагира зошто се создава паралелен систем и дали ова значи дека надлежните институции не функциоираат или Владата само се обидува да покаже активна улога во расчистување на случајот „Рекет“.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека ваквата одлука е маска и обид да се заташка случајот„Рекет“.

„Срамно е влада по три години, во време кога се стега обрачот околу премиерот и неговите најблиски соработници во еден најкоруптивен случај наречен Рекет, да формира сега тело, внимавајте влада со сите институции, со сите органи за испитување за репресии и сите институции за заштита на правото и правниот систем по три години власт формира тело за борба против корупцијата и криминалот. Прашањето е дали досега не функционирале и како истите оние луѓе коишто се споменуваат можеби под псевдонимите Кики, Фрики, Коки, Зоки, Шеки, сега ќе координираат тело за борба против криминалот и корупцијата, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

За премиерот Зоран Заев, одлуката е поврзана до реформските закони.

„Членуваат соодветните институции кои се надлежни за спроведување истраги, но од извршната власт. Затоа што во овој случај како доказ на дело е имплементацијата на законите од реформскиот процес – владеење на правото и борбата против корипцијата. Дел од четирите конечни цели што ги имаме пред Европската Унија – реформи во правосудство, борба против организиран криминал, безбедносните реформи и јавната администрација. Ако извештајот е одлучен и завршен на 29 мај, чекајќи до октомври ние не треба да седиме. Ние треба да работиме затоа што покрај очекувањата на граѓаните за економскиот стандард, економскиот раст, се и борбата со корупцијата, а потоа здравство, образование…А секако овој тим ќе биде целосно на распологање на истражните органи на независните институции од правосудството“, изјави вчера Заев.

Владата вчера соопшти дека на 149-тата седница одлучиле да се формира оперативен тим кој преку координиран пристап бескомпромисно ќе работи во борбата против криминалот и корупцијата и кој ќе биде составен од највисоките претставници на институциите од извршната власт. Со оперативниот тим ќе раководи заменик-претседателот на Владата и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Во оперативниот тим ќе членуваат министерката за правда, Рената Дескоска, заменик-министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, директорот на Царинската управа на Република Северна Македонија, Ѓоко Танасоски, директорката на УЈП, Сања Лукаревска, директорот на Управата за финансиско разузнавање, Блажо Трендафилов, досегашниот заменик-директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Ариф Асани и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски.

Би можело да ве интересира

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата