Владата на вчерашната седница не расправала за нови мерки за справување со ширењето на Ковид-19

Од:

Владата на вчерашната седница не расправала за нови мерки за справување со ширењето на Ковид-19 имајќи го предвид новиот трет бран и зголемување на бројот на заболени.

Портпаролот на Владата Душко Арсовски на прес-конфереција одговарајќи на новинарско прашање рече дека доколку има нови предлози од Комисијата, Владата ќе ги разгледа и оти јавноста ќе биде информирана за одлуките.

Арсовски повтори дека во понеделникот бил продолжен полицискиот час до 6 април, дека се следи епидемиолошката ситуација и оти министерот за здравство Венко Филипче рекол дека не се исклучува заострување на мерките, како и дека нема недостиг на болнички капацитети.

Во однос на непочитување на мерките за заштита од Ковид-19 од страна на функционери, одговарајќи на новинарско прашање портпаролот апелираше мерките да се почитуваат потенцирајќи дека никој не е над правдата.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски