Владата на Турција донираше 300.000 долари за обнова на Завод и Музеј-Битола

Од:

Завод и Музеј-Битола денеска со турската агенција за пријателство и соработка-ТИКА потпиша протокол за реализација на турска владина поддршка за обновување на Спомен собата на Мустафа Кемал Ататурк и административниот дел на оваа национална установа.

На денешната прес-конференција во Битола, директорката Љиљана Христова посочи дека активностите за обнова ќе бидат извршени во краток рок со што ќе продолжи, но и ќе се интезивира туристичката понуда и посебно содржините за гостите од пријателска Турција.

– Согласно протоколот ќе биде извршено обновување на предната страна-фасада, односно влезниот дел, влезната врата и балконот на Музејот, обновување на директоратот во нашата установа, мермерните скали и внатрешната железна ограда и целосна обнова на Спомен собата на Кемал Ататурк со сите нејзини параметри, истакна Христова.

Вкупната инвестиција на проектот изнесува околу 300.000 долари. Тоа ќе биде прва поголема реконструкција со турска владина поддршка по 1994 година, кога беше отворена Спомен собата на Кемал Ататурк.

– Нашата намера е да обезбедиме подобар простор за работа на установата и подобра презентација на Музејот. Во оваа прилика, во името на турскиот народ сакам јавно да се заблагодарам на Република Македонија за несебичната поддршка за зачувување на ова заедничко културно-историско наследство и посебно важноста на Спомен собата на Мустафа Кемал Ататурк, истакна Махмут Чевик, потписник на денешниот протокол. Предвиедно е реконструкцијата да заврши за два месеца.

Би можело да ве интересира

Двајца пијани возачи уапсени во Ресен и во Битола

Обид за убиство на „Новиот пазар“ во Битола: Со нож е ранет маж во грбот и слабината

Битолчанец платил 22.500 евра за да му се вработи синот во МВР

Полицијата трага по 22-годишен разбојник кој ограби фризерски салон во Битола

26-годишна жена од Битола осомничена за обид за убиство на нејзините баба и дедо

Горан Наумовски

Денеска во дигиталната судница во Идризово почнува судењето за „Адитив“