Владата ќе троши 28 илјади евра за поправка на „мерцедесот“ на Груевски

Од:

На електронскиот систем за јавни набавки, Службата за општи и заеднички работи при Владата објави оглас за прибирање понуди за сервисирање на блиндираното службено возило „мерцедес S 600“.

Вкупната проценета вредност без ДДВ која Владата планира да ја потроши за поправка е 1.694.915 денари или приближно 28 илјади евра. Критериум за доделување на договорот е најниската цена.

„Се додека возилото е во сопственост на Владата на Република Македонија, за истото мора да се одвива редовен годишен сервисен преглед, во предвидениот износ. Оваа постапка се спроведувала сите години наназад“ велат од Владата, потврдувајќи дека огласот се однесува на мерцедесот од предметот „Тенк“.

Никола Груевски и останатите обвинети во предметот „Тенк“ на СЈО, ја правдаа набавката на екстралуксузниот „мерцедес“ кој чинеше 600 илјади евра, со образложение дека сервисирањето на постојниот возен парк чини по десетици илјади евра.

За набавката на мерцедесот на Груевски, Кривичниот суд му одреди две години затвор на експремиерот. Владата ќе го продаваше, па одлучи да чека да заврши судскиот процес со правосилна пресуда.

Би можело да ве интересира

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка