А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Владата ќе стипендира магистранти на 86 светски универзитети

by А1он02/07/2013 - 13:1907/07/2013 - 15:43121
Share0

Владата ќе финансира додипломски и магистерски студии на секој студент кој ќе успее да се запише на еден од 86-те странски универзитети или специјализирани школи, од кои 32 од областа на музичката уметност, 20 од областа на ликовната уметност, 19 од сферата на кинематографијата и филмската продукција и 15 од областа на драмската уметност, чија листа денеска ќе биде објавена на интернет страниците на Владата и на Министерството за образование и наука.

Добивај вести на вибер

– Стипендијата ќе важи за факултетско образование во прв и втор степен, односно за додипломски и магистерски студии. Стипендијата ќе важи за дооформување на образованието на универзитети и специјализирани школи кои се наведени на изработената листа од страна на Владата. Бидејќи за овој тип на школи не постои соодветна меѓународна листа која ги рангира, оваа листа за која ќе важат стипендиите ја изработија како обединета листа Министерството за образование и наука и Министерството за култура, врз основа на податоци за реномето на школите, за професорскиот кадар кој предава на истите и за наставните планови и програми кои постојат на нив – изјави Александар Ѓеоргиев, портпарол на Владата.

Тој информираше дека конкурсот за стипендии за оваа намена е веќе објавен и ќе важи до 31 август. Критериумите за добивање на стипендијата се едноставни, вели тој и додава дека за нејзино добивање единствено ќе биде потребно кандидатот кој аплицира за стипендија да биде примен односно да биде запишан на еден од овие 86 универзитети или специјализирани школи.

– По запишувањето, кандидатот го известува Министерството за образование и наука дека е примен на еден од универзитетите или специјализирани школи кои се содржат на листата на Владата, и министерството во рок не подолг од 10 дена треба да му даде позитивен одговор, за потоа кандидатот со министерот за образование и наука да потпише договор за регулација на односите. Кандидатот кој ќе добие ваква стипендија ќе има обврска по завршувањето на студиите да се врати и да одработи во Република Македонија двојно подолг период од времето во кое ги завршил студиите кои Владата ги стипендирала, на пример ако студирал 2 години, ќе треба да одработи 4 години – изјави владиниот портпарол.

Стипендијата ќе ги покрива трошоците за школарина, престој и други потреби во врска со студиите, кои детално ќе бидат утврдени со договор. Владата одлучи да нема лимит во поглед ниту на бројот на евентуални стипендии кои ќе се доделат, ниту, пак, за висината по единица стипендија.

Владата апелира што поголем број студенти да да се охрабрат и да конкурираат за запишување на еден од овие универзитети или специјализирани школи, за да добијат стипендија, и да можат да стекнуваат знаења од реномирани професори на меѓународно ниво по најсовремени светски методи.

obrazovanievlada

Би можело да ве интересира

Левица: Инфлацијата јаде, владата молчи

Горан Наумовски12/08/2025 - 10:36

ВМРО-ДПМНЕ: Владата води грижа за сите, зголемува плати и пензии, го помага стопанството

Горан Наумовски08/08/2025 - 12:1808/08/2025 - 12:22

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски08/08/2025 - 10:4108/08/2025 - 11:16

По кандидатурите на Изет Меџити и Фатмир Лимани за градоначалници, Владата нема да назначува нови министри

Горан Наумовски04/08/2025 - 12:34

ДУИ: Владата молчи за исклучувањето на дијаспората од пресметување на бројот на населението

Горан Наумовски30/07/2025 - 17:16

Владата засега не е расположена за зголемување на минималната плата

Горан Наумовски30/07/2025 - 15:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен