Владата ќе се откаже од ДДВ-то од донациите за поплавите во Србија и БиХ

Од:

Владата на утрешната седница ќе се откаже од данокот на додадена вредност од донациите што преку телефонските оператори се собираа како помош за катастрофалните поплави кои ги зафатија Србија и Босна и Херцеговина, изјави портпаролот Александар Ѓоргиев.

Ѓоргиев одговарајќи на прашање дали Владата ќе се откаже од ДДВ-то, рече дека сите собрани средства за таа намена заедно со ДДВ да бидат вкалкулирани за хуманитарната помш за Србија и БиХ.

– Со новите измени во Законот постојат законски можности за акциите кои ќе се оцени дека се од јавен интерес, Министерството за правда да донесе одлука за ослободување од плаќање од ДДВ, но додаде дека поради итноста на оваа акција до Министерството не пристигнало барање за ослободување од ДДВ. Собраниете пари од ДДВ ќе бидат пренаменети како нова донација – изјави Ѓеоргиев.

Претходно, министерот за финансии Зоран Ставрески изјави дека ова прашање ќе биде разгледано на владина седница.

– Тоа се законските услови во Република Македонија. Доколку има барање и потреба може да се променат законите. Тоа е прашање за кое може да се дискурита на владина седница. Секако дека не се работи за некој голем износ, но тоа прашање треба да се отвори на влада – изјави Ставрески.

Сумата на собраниете донации изнесува 120. 000 евра без вклучен ДДВ.

 

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

СДСМ: Поткуп земаат дури и возачите на владата на Мицкоски