Владата ќе решава за укинување на полицискиот час и ограничениот број гости на прослави и на забраната за концерти и забави

Од:

Целосно укинување од утре на полицискиот час и на ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави, како и дозвола за организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50 отсто од објектот и не повеќе од 1000 лица, се новите препораки кои вчера ги донесе Комисијата за заразни болести и ги прифати Главниот координативен Ковид-19 кризен штаб, а се очекува денеска на својата седница да ги усвои Владата.

Министерството за здравство соопшти дека епидемиолошката состојба е стабилна и ја дозволува ваквата одлука.

Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, регистрирани се четири нови случаи со Ковид-19, еден починат и 14 оздравени пациенти.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.540, бројката на оздравени пациенти е 149.642, на починати е 5.472, а на активни случаи изнесува 426 од кои 183 се во Скопје.

На инфективните одделенија во државава се лекуваат вкупно 99 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, од кои 34 се во Скопје. Поради намалениот број болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Вакцинацијата против Ковид-19 се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Според податоците на веб страницата kovid19vakcinacija.mk, досега во државава се вакцинирале 256.149 граѓани. Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 449.456 граѓани.

Од Министерството за здравство информираа дека вчера во земјава пристигнале 12 870 дози од вакцината „Фајзер“ од редовната пратка која ја добиваме секој понеделник, од кои 8190 дози се од билатералниот договор со производителот „Фајзер“, а 4680 се во рамките на програмата „Тим Европа“ (Team Europe). Во земјава денеска се очекува да пристигнат и 20 000 вакцини на „Астра Зенека“, донација од Грција.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

По насилните протести во Франција: Во градот Кламар се воведува полициски час

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час