Владата ќе решава по предлогот за полициски час од 23 до 5 часот и работа на угостителските објекти до 22:30

Од:

Владата денеска на седница треба да решава по предлогот на Главниот координативен кризен штаб за скратување на полицискиот час и за продолжување на работното време на угостителските објекти.

Кризниот штаб вчера на седница ги разгледа предлозите пристигнати од Министерството за здравство и врз основа на нив и предложи на Владата на својата наредна седница да усвои одлука со која забраната и посебниот режим на движење ќе трае од 23 до 5 часот наредниот ден и времето за работа на угостителските објекти со гости само во отворениот дел – летни тераси и градини – ќе биде до 22:30 часот.

Како што соопшти вчера владината Прес-служба, наведените предлог-мерки ќе бидат разгледани на следната седница на Владата и доколку бидат усвоени, би важеле од утре.

Би можело да ве интересира

Поради неносење маска вчера санкционирани 433 лица, 22 го прекршиле полицискиот час

Ана Ололовска

Скратен полициски час, подолго ќе работат кафеаните, се отвораат теретаните, нови најави за помали рестрикции

Ана Ололовска

Постапки против четворица во Скопје за непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска

Од денеска пократок полициски час и подолго работно време на угосителските објекти

Владата го усвои скратениот полицискиот час, за патниците од Индија и Бразил – 14 дена карантин

Жарко Настоски

Арап-газда на скопска фирма му издал на вработен лажна дозвола за движење во полициски час

Жарко Настоски