Владата ќе помогне побргу да се изгради водоводот во тетовско Синичане

Од:

Денеска во Владата на Република Северна Македонија се одржа средба на која присуствуваа министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, министерот за локална самоуправа Горан Милески, министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, градоначалникот на Oпштина Боговиње Албон Џемаили и претставници од месните заедници на тетовските села Синичане и Урвич, а на кој се разговараше за настанатите проблеми со водоснабдувањето во овие две села.

Целта на состанокот беше да се разговара со сите засегнати страни за да се разберат причините за настанатата ситуација, како и да се увиди што презела досега Oпштината за решавање на снабдувањето на вода за пиење и наводнување за потребите на локалното население.

Министерот Нухиу истакна дека присуството на полициските службеници на местото каде почнаа работни активности минатиов период било исклучиво по барање на жители на околните села и проценка на полицијата по изработен оперативен план, со цел да не дојде до посериозно нарушување на јавниот ред и мир.

Откако сите засегнати страни имаа можност да ги искажат своите мислења во врска со настанатата ситуацијата околу изградбата на водовод за жителите на Синичане, беше утврдено дека полицијата е добредојдена од сите за одржување на редот и мирот, а беше побарано од градоначалникот на  Oпштина Боговиње во текот на утрешниот ден да оствари заедничка средба со претставници од двете села со цел надминување на несогласувањата и изнаоѓање на заедничко решение.

Од изнесеното на средбата беше заклучено дека од Општината сè уште не е изготвена потребната проектна документација за изградба на систем за водоснабдување за селото Синичане. Со цел побрзо решавање на проблемот и обезбедување на вода за пиење за жителите, присутните владини претставници изразија подготвеност Владата да даде поддршка на сите засегнати страни и да и помогне на Општината во обезбедување на потребната техничка документација, како би се обезбедило трајно решение за прашањето со снабдување со вода за популацијата во овој регион.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски