Владата ќе организира авионски превоз за 90 граѓани заглавени во Израел после шест дена од почетокот на војната

Од:

Во Израел досега се идентификувани 150 граѓани. Од нив 60 се вратени, а се очекува останатите 90 да пристигнат утре.

– Во одност на останатите, досеа сме идентификувале 150 граѓани. Од нив, 60 се веќе вратени односно се враќаат кон Македонија. Сакам да им се заблагодарам на властите во Албанија, на Грција. Овие 90 граѓани очекувам во текот на денот утре да бидат вратени во Македонија со организиран превоз од нашата Влада. Брачниот пар кој е заглавен во Газа ќе продолжуваме да се обидуваме да го извлечеме преку Египет – објасни министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

После шест дена од почетокот на нападите на Хамас во Израел и пет дена по почетокот на гранатирањето на појасот Газа како одговор на Израел, македонската Влада ќе организира авионски превоз за останатите 90 граѓани. Останатите 60 македонски државјани пристигнаа благодарение на организираните превози на Албанија, Грција, Црна Гора и Србија кои од понеделникот наваму во континуитет извлекуваат свои граѓани од кризните подрачја.

Министерот Османи информираше дека од 22 граѓани кои биле идентификувани и контактирани во најзагрозените подрачја во Израел и во појасот Газа, ноќеска петмина стигнале во Атина, а нашата амбасада оттаму им обезбедила превоз до Солун, односно со македонската граница од каде што со превоз на МНР се префрлени до своите домови.

Утринава дополнително 17 од тие кои беа загрозените подрачја пристигнаа во Атина и тие во текот на денот ќе пристигнат во Македонија.

Би можело да ве интересира

Израел ја прогласија областа околу Појасот Газа за затворена воена зона

Најмалку седуммина загинаа во израелски напад на погреб во Појасот Газа

Четворица загинати во израелските воздушни напади врз Појасот Газа

Палестински доктор од Газа тврди дека бил мачен во израелски затвор

Алакбаров: Хамас ги попречува испораките на хуманитарна помош во Газа

Хамас одлучи да ја распушти владата по 20 години на власт