Владата ќе одлучува за целодневната настава, МОН и СОНК ќе решаваат за дополнителните часови на наставниците

Од:

Владата денеска на седница ќе разгледува и одлучува за воведување на целодневната настава во училиштата, соопшти министерката за образование и наука Мила Царовска. Со СОНК договараат решенија како ќе се надмине проблемот со зголемениот обем на работа на наставниците кои ќе имаат дополнителни часови.

-Ако се пушти целодневната настава, малите групи од 20 ученици ќе си работат со двете наставнички како што си било. Не станува збор за дневен престој, туку за целодневна настава. Дневниот престој не е дискутиран зашто таму се мешаат деца од повеќе одделенија и од повеќе групи, а во целодневната настава се едното одделение со истите наставнички. Затоа е важно тоа денеска да се разгледа на Влада и да се донесе одлука како што препорачуваат од Комисијата за заразни болести, рече Царовска при посетата на основно училиште во Гази Баба.

Со СОНК и градоначалнците е дискутирано за решение за наставниот кадар кога одделението ќе треба да се подели на помали групи. Едната опција е итна и неодложна, рече Царовска, зашто треба дополнителен кадар.

-Имаме друг персонал којшто може да се вклучи за поддршка на целодневната затоа што во вториот дел од наставата имаме повторувања на знаењата кои поминале во текот на денот, што значи дека и друг од училиштето може да помогне тука, а по Законот за работни односи имаме можност и за плаќање дополнителни часови, додаде министерката.

Претседатрелот на СОНК Јаким Неделков ја нагласи важноста да се најде решение за поголем обем на работа на наставниците и дека е сериозен проблем дуплирањето на часови со оглед на кадарот со кој располагаат училиштата особено ако се воведе целодневната настава.

– Во соработка со МОН и со локалните самоуправи ќе се изнајдат решенија за сатисфакција на дополнително вложениот труд на оние наставниците кои вонредно ќе имат дополнителен број часови. За нас како Синдикат е неприфатлива опција 50 наставни часови во текот на неделата, но очигледно имаме разбирање од социјалните партнери и моето убедување е дека во рамките на нивните надлежности, на МОН и на ЗЕЛС, ќе се изнајде решение зашто имаме реален проблем, додаде Неделков.

Би можело да ве интересира

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on

МОН објави конкурси за стипендии за најдобрите универзитети во академската 2025-2026 година

(ВИДЕО) Николова: Предложените реформите се без јасна стратегија за развој и модернизација на образованието