А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Владата ќе одлучува дали ќе забрани јавни собири и натпревари поради коронавирусот

by А1он28/02/2020 - 10:33372
Share0

Владата денеска на седница ќе одлучува дали ќе забрани масовни јавни собири без разлика дали се организираат на отворен или затворен простор, како спортски настани, но и претстојните планирани карневали во Струмица и Прилеп, со цел превенција на ширење на коронавирусот.

Добивај вести на вибер

-Ние како Министерство за здравство предлагаме оваа мерка да важи најмалку една недела, со можност во кој било момент да се донесе и друга мерка во зависност од тоа како ќе се движи ситуацијата од случувањата во регионот, рече на денешната прес-сконференција министерот за здравство Венко Филипче.

Нашиот предлог, додаде Филипче е да се забранат сите јавни собири каде има голема број луѓе, дали се во затворен или отворен простор.

-Сметам дека треба да се откажат сите гоелми јавни собири вклучително и спортските натпревари, истакна министерот за здравство.

Тој појасни дека вчера имало состанок Комисијата за спречување заразни болести од каде произлегла препораката да се ограничат масовните јавни собири, согласно Законот за спречување на заразни болести.

Филипче на прес конференцијата информира дека засега нема нови случаи на лица позитивни на коронавирус во земјава. Во моментов се чекаат резултати од тестирање на едно лице кое на 22 февруари се вратило од Италија во Струмица. Тој поради покачена температура се јавил во соодветна здравствена установа каде му се направени тестови за присуство на коронавирус.

Засега единствен случај на лице заразено со коронавирисот останува веќе хоспитализираната пациентка на Инфективната клиника во Скопје, која со комбе допатува од Милано е единствениот регистриран случај заразен со вирусот Ковид-19. Пациентката, рече Филипче, се чувствува добро, и според лекарите веќе влегува во фаза на оздравување.

Останува во сила препораката компаниите и институциите да не им дозволуваат на оние вработени кои периодов биле во Италија, да доаѓаат на работа зашто тие прво мора да минат 14 дена во домашна изолација – период колку што трае инкубацијата на вирусот, како и препораката да не се патува во земјите каде има епидемија, без некоја поголема потреба.

Коронавирусот првпат се појави во Вухан, Кина, на 12 декември 2019 година. По брзото ширење на болеста, големиот број жртви и заразени, Светската здравствена организација (СЗО) на 30 јануари прогласи „меѓународна вонредна состојба“.

koronavirusvlada

Би можело да ве интересира

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски17/02/2026 - 13:3517/02/2026 - 13:37

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски16/02/2026 - 14:3416/02/2026 - 16:14

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Горан Наумовски11/02/2026 - 22:45

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски08/02/2026 - 14:0108/02/2026 - 14:02

Ревизорите алармираат: Владата плаќа скапи возила на лизинг без вистинска конкуренција

Горан Наумовски05/02/2026 - 13:18

Владата ги испраќа кандидатите за јавен обвинител до Советот на јавни обвинители

Горан Наумовски03/02/2026 - 15:27
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен