Владата ќе купува пиво

Од:

По набавката на газирани и индустриски сокови за кои преку скапи кампања ги убедуваше граѓаните дека се смртоносни по здравјето, владата ќе набавува и пиво. Службата за општи и заеднички работи распиша тендер за набавка на пиво и тоа по спецификација.

Screen Shot 2015-05-21 at 14.05.57

Владата ќе купува пиво со максимум алкохол од 4,9 %, пиво со минимум алкохол од 4,6 %, но во тендерот се бара и пиво со вредносна граница на алкохол од 5 % но услов е екстрактот.

1 Набавка на пиво Пиво со максимум алкохол 4,9% V/V и 5,2% V/V
2 Набавка на пиво Пиво со минимум алкохол 4,6% V/V
3 Набавка на пиво Пиво со максимум алкохол 5,0 % V/V и минимум екстракт 11,2%
4 Набавка на пиво Пиво со максимум алкохол 5,0 % V/V и минимум екстракт 11,4%
5 Набавка на пиво Пиво со максимум алкохол 4,5 % V/V“

Според јавниот оглас на бирото за јавни набавки за набавка на пиво ќе се потрошат половина милион денари без вклучен ДДВ.
Во полн ек на кампањата за здрава исхрана владата набави и газирани и индустриски сокови за кои во рекламните спотови нарачани од владата се објаснува дека се смртоносни по здравјето на граѓаните.

Иако кампањата за здрава исхрана лично ја презентираше премиерот Никола Груевски и зборуваше за штетноста од газираните сокови пред неколку месеци службатза за општи и заеднички работи при владата објави тендер за набавка на овие „смртоносни“ сокови.

Во едно од видеата за здрава исхрана нарачани од владата а платени од граѓаните се објаснува штетноста на газираните сокови.

„Освежете се со една ладна сода. Знaете ли колку шекер има во оваа лименка. 35 лажици шекер и што се трпи црниот дроб за да го преработи ова. И затоа секогаш бркајте ја смртта со здрава природна и незаменлива вода“, е дел од пораката во видеата за здрава исхрана.

Претходно Владата советуваше низ реклами да не се јаде црвено месо, дури и премиерот, меѓутоа Владата набави, јунешко, јагнешко и свинско месо.

Премиерот Никола Груевски на јавноста и соопшти дека здравата храна е предуслов за добар живот. На граѓаните им порача да јадат многу зеленчук и овошје исклучувајќи го компирот.

Груевски меѓу другото рече дека кога станува збор за внесување на протеини граѓаните би требало да конзумираат риба и пилешко месо но не и црвено месо кое му штети на здравјето.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски