Владата ќе ја одржи првата редовна седница во 2020 година

Од:

Владата денеска ќе ја одржи првата редовна седница во 2020 година со неколку точки на дневен ред.

На оваа седница ќе се разгледа и ќе се донесе одлука по Предлогот за определување на заменици на претседателот на Влaдата, соопшти владиниот Сектор за односи со јавноста.

Владата денеска ќе го разгледа и ќе донесе одлука за Предлогот за именување на претседатели и членови на основните комисии на Владата, како и по предлогот за именување на претседатели и членови на посебните комисии на Владата.

Седницата на Владата на Република Северна Македонија се очекува да започне во 11:00 часот и со неа ќе претседава претседателот на Владата, Оливер Спасовски.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски