Владата ќе анализира кои прописи им даваат преголеми права на функционерите

Од:

Со цел да се пристапи кон процесот на намалување на дискреционите овластувања на функционерите, Владата денеска ја разгледа и ја усвои Информацијата за потреба од формирање на работна група за анализа на законите и другите прописи во кои се предвидуваат дискрециони овластувања на функционерите, како и Информацијата за координативни активности помеѓу институциите во системот за борба против корупцијата, информираат од Владата.

Иницијативата доаѓа од вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси и институциите во системот за борба против корупција, Љупчо Николовски.

„Како заклучок во врска со оваа информација, Владата ги задолжува Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда, Управата за финансиска полиција, Управата за финансиско разузнавање, Управата за јавни приходи, Царинската управа и Инспекцискиот совет, во рок од 10 дена, до Кабинетот на заменик-претседателот на Владата, задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, во електронска или пишана форма да достават анализа која ќе биде сочинета од деловите наведени согласно содржината на оваа информација и од која треба да произлезат предлози за подобрување на законската рамка, но и фактичките услови за работа на антикорупциските институции,“ велат од Владата.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Љупчо Николовски избега од соочување, очекувам одговори на поставените прашања

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп