Владата ја разгледала информацијата за концесиите за „Иловица“, детали утре треба да соопшти Бектеши

Од:

Владата на денешната седница ја разгледа Информацијата со хронологија за постапките за доделување на концесиите за детални геолошки истражувања и експлоатација на минерална суровина – бакар и злато на локалитетот „Иловица“, општина Босилово и општина Ново Село на Друштвото за производство, промет и услуги ЕУРОМАКС РЕСОУРЦЕС ДОО Скопје, со прилози, поднесена од Министерството за економија.

-Информацијата, којашто беше и образложена на седницата, е согласно Извадокот од Нацрт записникот од 171-та седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 18 јули 2023 година, во врска со управните и судски постапки, заклучоци и информации, поврзани со експлоатацијата на минерална суровина – руди на бакар и злато на локалитетот „Иловица“ општина Босилово, соопшти вечерва владината прес-служба.

Оттаму најавуваат дека повеќе информации во врска со оваа точка на дневниот ред на владината седница, од интерес на јавноста ќе бидат соопштени на најавената прес-конференција на министерот за економија Крешник Бектеши.

Прес-конференцијата на Бектеши, што требаше да се одржи денеска во 14.00 часот, е закажана за утре во 11 часот.

Бектеши пред Владата реферираше за постапките за концесиите, по реакците од жителите и граѓанските организации од струмичкиот регион, кои се против отворање на рудникот и бараат повлекување на одлуката за спојување на концесиите. Против отворање на рудникот се изјаснија и дел од министрите од СДСМ, а вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи најави дека ќе се почитува одлуката на граѓаните доколку се изјаснат против отворањето на вакви капацитети во овој регион.

Би можело да ве интересира

Светските развојни банки ја засилуваат поддршката за критичните суровини, ЕБОР веќе присутна во Иловица

ЕУ најавува трет повик за стратешки рударски проекти до крајот на 2026 година

А1он

Европа инвестира во критични суровини, а Македонија треба да одлучи како ќе го искористи својот бакарен потенцијал

Коридор 8 и критичните минерали отвораат стратешка можност за Македонија

Од дата-центрите до електромрежите: светот ќе бара сè повеќе бакар, Македонија го има потенцијалот за нов рудник

А1он

Активисти бараат Иловица да се избрише од Просторниот план, експертите со појаснување дека планот не значи отворање рудник