Владата ја разгледала информацијата за концесиите за „Иловица“, детали утре треба да соопшти Бектеши

Од:

Владата на денешната седница ја разгледа Информацијата со хронологија за постапките за доделување на концесиите за детални геолошки истражувања и експлоатација на минерална суровина – бакар и злато на локалитетот „Иловица“, општина Босилово и општина Ново Село на Друштвото за производство, промет и услуги ЕУРОМАКС РЕСОУРЦЕС ДОО Скопје, со прилози, поднесена од Министерството за економија.

-Информацијата, којашто беше и образложена на седницата, е согласно Извадокот од Нацрт записникот од 171-та седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 18 јули 2023 година, во врска со управните и судски постапки, заклучоци и информации, поврзани со експлоатацијата на минерална суровина – руди на бакар и злато на локалитетот „Иловица“ општина Босилово, соопшти вечерва владината прес-служба.

Оттаму најавуваат дека повеќе информации во врска со оваа точка на дневниот ред на владината седница, од интерес на јавноста ќе бидат соопштени на најавената прес-конференција на министерот за економија Крешник Бектеши.

Прес-конференцијата на Бектеши, што требаше да се одржи денеска во 14.00 часот, е закажана за утре во 11 часот.

Бектеши пред Владата реферираше за постапките за концесиите, по реакците од жителите и граѓанските организации од струмичкиот регион, кои се против отворање на рудникот и бараат повлекување на одлуката за спојување на концесиите. Против отворање на рудникот се изјаснија и дел од министрите од СДСМ, а вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи најави дека ќе се почитува одлуката на граѓаните доколку се изјаснат против отворањето на вакви капацитети во овој регион.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Пред да глуми загриженост, Мицкоски нека го праша својот потпретседател за Иловица

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги лаже граѓаните за рудникот Иловица, откако влезе Дестани во бизнисот оваа влада го оживеа проектот

(ВИДЕО) Ковачевски: За Иловица треба да одговори ДПМНЕ, концесиите се дадени од Груевски

„Еуромакс Ресоурцес“: Бордот на директори и правниот тим ќе одлучат како ќе се заштитат нашите права како инвеститори

ВМРО-ДПМНЕ: Како компанијата на Дестани која нема искуство во копањето на злато ќе гарантира дека нема да се контаминира почвата од Иловица?

ЛДП: Да се утврди кој е одговорен што воопшто е издадена концесија за рудник, па прашањето по толку години е повторно на маса