Владата ја оцени како недостојна изјавата на Каракачанов дека ќе прати војници да ги отстранат спомениците

Од:

Владата ги осуди изјавите на бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов дека би можел да испрати инженерски полк за демонтирање споменици во земјава на кои пишува „бугарски фашистички окупатори“.

Портпаролот на Владата, Душко Арсовски, изјавите ги оцени како недостојни и недолични, коментирајќи дека претставници на две земји-членки на НАТО не може да комуницираат на ваков начин меѓусебе.

„Веруваме во решенија и убедени сме дека земја сосед која прва ја призна независноста и беше промотор на патот на интеграцијата кон НАТО и ЕУ нема да помисли да го оспорува правото на идентитетско самоопределување на пријателскиот македонски народ. Може само да изразиме оптимизам дека тоа не е став на мнозинството граѓани и на академската заедница во Бугарија“, рече Арсовски.

Запрашан дали Владата размислува да испрати протестна нота до Бугарија, Арсовски одговори дека засега нема нешто такво, но ако има дополнително ќе информираат.

Претходно денеска и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска ја коментираше изјавата на Каракачанов. Таа рече дека поминало времето кога министри за одбрана од нашиот регион можеле да даваат такви изјави, а некој да ги смета за сериозни.

„Бугарија е членка на НАТО, и ние сме членка на НАТО, и ова не е начин на кој комуницираат или треба да комуницираат членки на алијансата. Ние ќе продолжиме да ги испраќаме истите пораки кои сме ги испраќале минатите години. Нашите граѓани нè плаќаат и очекуваат да им обезбедиме безбедност, а таа безбедност зависи од добрососедските односи“, рече Шеќеринска.

Би можело да ве интересира

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница