Владата го утврди текстот на Предлог-законот за Агенцијата за разузнавање

Од:

Владата вечерва на 24-та седница го утврди текстот на Предлог-законот за Агенцијата за разузнавање.Како што соопшти владината прес-служба, целта на Законот за Агенција за разузнавање е да се направи јасна дистинкција меѓу АНБ чија надлежност се поклопува со надлежноста на Агенција за разузнавање, согласно постојниот закон.

-Во новиот закон за Агенцијата за разузнавање, јасно е дефинирана надлежноста на Агенцијата да собира, обработува, анализира, разменува, чува и штити податоци и информации од странство, кои се од значење за безбедноста, одбраната, надворешно – политичките интереси на Република Северна Македонија, стои во соопштението.

На оваа седница, Владата ја разгледа и усвои Информацијата за отпочнување процес на кодификација на правото во земјава и го задолжи Генералниот секретаријат на Владата да спроведе постапка за јавна набавка на софтвер и софтверско решение со кој што ќе се изврши кодификација на правото во земјава.

За оваа цел, Владата ги задолжи Министерство за правда, Канцеларијата на претседателот на Владата и Генералниот секретаријат на Владата, а се препорачува на Собранието, државните универзитети, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“, Универзитет „Св.Климент Охридски“, Универзитет „Гоце Делчев“ и Државен универзитет во Тетово, од областа на правото – во рамки на своите Правни факултети, во рок од пет дена да номинираат по еден претставник до Министерсто за правда, со цел формирање на оперативна работна група.

Би можело да ве интересира

Ревизорите алармираат: Владата плаќа скапи возила на лизинг без вистинска конкуренција

Владата ги испраќа кандидатите за јавен обвинител до Советот на јавни обвинители

Влада: Средбата со УПОЗ е закажана за четврток, не знаеме кого чекал Трендафилов

Пет кандидати во трка за Државен јавен обвинител, пријавите доставени до Владата

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство