Владата го усвои Протоколот за организирање државни настани

Од:

Владата на Република Северна Македонија на денешната 77-ма седница го усвои Протоколот за организирање државни настани.

На оваа своја седница, како што информираат од владината прес-служба, Владата ја разгледа и усвои „Информацијата за работата на Советот за управување со јавни финансии со Нацрт-годишен извештај за следење на спроведувањето на Акцискиот план за Програмата за реформа на управувањето со јавни финансии за 2019 година, за периодот јануари 2019 година – декември 2019 година“, и го усвои Акцискиот план за спроведување на Програмата за реформа на управувањето со јавни финансии за 2020 година.

Како дел од заклучоците од оваа точка Владата ги задолжи Министерството за финансии, Министерството за економија, Управата за јавни приходи, Царинската управа, Бирото за јавни набавки и Државниот завод за статистика, а им препорача на Државната комисија за жалби по јавни набавки и Државниот завод за ревизија да ги реализираат активностите од Акцискиот план за спроведување на Програмата за реформа на управувањето со јавни финансии за 2020 година согласно планираната динамика и за истото да ги обезбедат потребните ресурси (материјално – технички, човечки и финансиски).

На денешната седница е разгледана и усвоена и Информацијата за пристапување на Република Северна Македонија кон европската рамковна програма за истражување и иновации „Хоризонт Европа“ (2021-2027), а Министерството за образование и наука доби задолжение да изготви и достави писмо за изразување интерес за пристапување на земјата кон Рамковната програма на Европската Унија за истражување и иновации „Хоризонт Европа“ до крајот на август 2020 година.

Владата денеска ги усвои и информациите за напредокот на Република Северна Македонија во делот на „Цивилна подготвеност“ НАТО Процес на одбранбено планирање (NDPP) за период јануари 2020 година – јуни 2020 година, и Информацијата за учеството на Република Северна Македонија во НАТО Процесот на одбранбено планирање (NDPP).

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски