Владата го разреши Хамиди: Илир Мемети нов генерален директор на М-НАВ

Од:

Владата на седницата која е во тек му препорача на Надзорниот одбор на М-НАВ да ги разреши двајца од тројцата извршни директори и на нивно место да назначи нови.

Од должноста членови на Управниот одбор ќе бидат отповикани Фахрудин Хамиди, кој е воедно и извршен директор, и Љубе Стаменковски, секторски извршен директор.

На местото на Фахрудин Хамиди доаѓа Илир Мемети, а на местото на Љубе Стаменковски доаѓа Милан Кораќ, кој е оперативен инженер техничар во М- НАВ.

Третиот директор нема да се менува и на таа позиција останува Хасим Деари.

Би можело да ве интересира

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски