Владата го раскина договорот за државна помош со ТЕ-ТО

Од:

Владата денеска на седница донесе одлука за едностран прекин на договорот за државна помош со Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО АД Скопје.

– Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од раскинување на Договорот за доделување на државна помош, и на Анексот на Договорот за доделување на државна помош, склучени помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО АД СКОПЈЕ, и донесе Одлука за едностран раскин на овие договори заради фактот дека не се постигна согласност за создавање правна основа за оваа државна помош, соопшти попладнево Владата.

Согласно одлуката, ТЕ-ТО е должно да го плати долгот кон УЈП, а доколку во рамки на законот постои можност и се постигне договор, тогаш долгот да се плати на рати.

Потегот на Владата доаѓа откако Антикорупциската комисија укажа дека процедурата во која била доделена државната помош за приватната компанија во вид на одложување на отплата на долгот кон УЈП.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски