Владата го продолжи рокот за аплицирање за финансиска поддршка за школите за странски јазици и едукативните центри

Од:

Владата информира дека на барање на здруженијата на центри за странски јазици и на едукативните центри за деца, Владата на Република Северна Македонија одлучи да излезе пресрет и да го продолжи рокот за аплицирање за грантови за регистрирани компании во оваа дејност до 28-ми декември до 11:59 часот.

Потсетуваме дека центрите за странски јазици и едукативните центри за деца аплицирањето за грантови треба да го извршат со доставување на барање на електронската пошта: [email protected], со што добиваат можност за еднократна финансиска помош, во вредност од 43.500 денари по вработен.

Во прилог на барањето за финансиска поддршка преку електронска пошта, правните субјекти треба да ги приложат следните документи:

· тековна состојба (документ од Централен регистар не постар од 3 (три) месеци;

· уверение за платени даноци и придонеси од УЈП не постаро од 3 (три) месеци и

· список на вработени по даночен обврзник заверен од АВРСМ не постар од 15 (петнаесет) дена.

Повеќе податоци за јавните повици може да се добијат со клик на следните линкови:

Јавен повик за издавање на грантови за центри за странски јазици

Јавен повик за издавање на грантови за едукативни центри за деца

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски