Владата го прифати Меморандумот за разбирање за развој на железничкото поврзување „Скопје-Софија“

Од:

Владата на Република Северна Македонија на денешната 6-та седница, го разгледа и прифати усогласениот Текст на Меморандум за разбирање за развој на железничко поврзување меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија „Скопје-Софија“.

Меморандумот меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, претставени од министерствата за транспорт и врски на двете земји, се очекува да биде потпишан за време на заедничката седница на двете Влади, која ќе се одржи на 25.01.2022 година во Софија.

Со документот се изразува согласност за формирање на заедничка Работна група составена од експерти со соодветен професионален капацитет и експертиза во области како што се управување со проекти, европско и меѓународно право, инженерство и управување со финансии, со цел да се забрза процесот на подготвителните и имплементационите активности за Проектот.

Меморандумот е подготвен имајќи го предвид развојот на добрососедските односи меѓу двете земји, како и потребата од зајакнување на економските и трговските активности и ја истакнува заедничката цел за развој на „Проектот за железничко поврзување Скопје-Софија“, кој е од заеднички и регионален интерес и има значително стратешко и економско значење за граѓаните и економиите на двете држави.

Согласно Меморандумот, Работната група ќе се состанува најмалку четири пати годишно на експертско ниво за да работи на напредокот на спроведувањето на проектот.

Би можело да ве интересира

Гир: Не треба да се очекуваат нови договори, македонскиот јазик е веќе во Преговарачката рамка

Ана Ололовска

(ВИДЕО) „300.000 Македонци не се во вашиот Устав, во 21 век не признавате народ“: Лекција од историчарот Светозаревиќ за бугарски новинари во Пустец

Орце Костов

Жељазков: За Бугарија е важен условот „поставен од Европската комисија“ за уставни измени

Ана Ололовска

Милков: Софија и Скопје нема заеднички да го одбележат 4 мај

Ана Ололовска

Ковачев контра Османи во европарламентот: Во Македонија има 120.000, а не 3.500 Бугари

Орце Костов

Османи: Какви ќе бидат уставните измени е точно наведено во билатералниот Протокол потпишан со Бугарија

Ана Ололовска