Владата го повлече предлог-законот за учебници, прво ќе оди на јавна расправа

Од:

Предлог-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали во основното и средното образование е повлечен од Владата за да биде ставен на јавна дебата со граѓани и групи заинтересирани да учествуваат со сугестии во конечното креирање на законското решение.

– Предлог-законот ќе биде повторно достапен за јавна дискусија и за вклучување на оние поединци, групи и здруженија на граѓани кои не успеаја досега да се произнесат и да дадат свој предлог или сугестија за усвојување на најдобрата верзија во интерес на поквалитетен воспитно-образовен процес, по што конечниот текст на законот, кој ќе се креира по целосно исцрпување на придобивките од јавната дебата, ќе биде доставен во Собрание, наведуваат од Министерството за образование и наука.

МОН информира и дека не отстапува од спроведување на планот за реформа на основното образование од новата учебна година – воведување нови наставни програми во прво и четврто според новата Концепција и дигитални учебници од четврто одделение.

– Како што јавноста е веќе запозната, новите наставни програми за прво и четврто одделение се веќе усвоени и јавно достапни. Во меѓувреме, врз основа на новите наставни програми се изработуваат и нови материјали за учење, при што оние за прво одделение ќе бидат готови до крајот на јули по што ќе следува дистрибуција до училиштата, додека за четврто одделение ќе бидат готови во првата половина на август и тие ќе добијат и дигитална верзија, невдуваат од МОН.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма