Владата го достави до Собранието мислењето за автентично толкување на член 11 од Законот за помилување

Од:

Владата го испратила до Собранието мислењето за автентично толкување на член 11 од Законот за помилување, а собранискиот спикер Талат Џафери го доставил до претседателката на Законодавно правната комисија Соња Мираковска.

Според информациите од Собранието, се очекува во текот на утрешниот ден да биде закажана седница на Законодавно правната комисија.

Владата на денешната седница го усвои мислењето на Министерството за правда да се прифати иницијативата за автентично толкување на член 11 од Законот за помилување, поднесено од пратениците Сашко Костов и Диме Велковски.

Како што се наведува во соопштението од владината седница, во мислењето на Министерството за правда се вели дека Законот за помилување беше изменет и дополнет во 2009 година, кога беше укинат членот 11, кој содржеше можност за помилување без спроведување на постапка.

– Според ова мислење, во март 2016 година, Уставниот суд го укина Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување од 2009 година, но со укинувањето на законот од 2009 година, не се враќа во сила одредбата од членот 11. Тоа значи дека претседателот на Републиката немал, ниту пак сега има правна можност да даде помилување без спроведување на постапка врз основа на тој член и според тоа сите акти за помилување на претседателот на државата засновани на член 11 од Законот за помилување објавен во„Службен весник на Република Македонија“ број 20/1993, се незаконски и како такви ништовни, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Владата го усвои Предлог законот за соодветна и правична застапеност

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ и партнерите ќе одбележат една година власт пред платото на Владата

ВЛЕН: Следната недела се затвора историска рана, ќе биде донесен законот за правична застапеност на Албанците

Владата ја усвои новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

Ребалансот на буџетот треба да биде на владина седница најверојатно во четврток

Повредените и семејствата на починатите во трагедијата во Кочани не се сами, порача Владата