Владата го дала Охридското езеро под концесија за следните 6 години?

Од:

Со одлука на владата на Македонија пред два дена Охридското езеро е дадено под концесија за стопански риболов, дознава А1 од владини извори.

Ваквата одлука била донесена на последната владина седница на кој биле донесени одлуки за концесионирање и со друго езера во земјава.

Од министрството за земјоделие не сакаа да ни ја потврдат оваа информација, под образложение дека не можат се додека евентуалната одлука не излезе во службен весник. На информацијата дека владата дала зелено светло Охрдското езеро да се даде под концесија реагираа од Спортско риболовниот клуб Свети Апостол Петар од Охрид. Претседателот на охридските риболовци Радован Димитриевски за А1 вели дека после ова не им останува ништо друго освен да се жалат до Европската комисија за рибарство, Комисијата за рибарство при Обединетите нации и до Европските партии на зелените.

Од овие институции ќе бараме помош за да се стопира стопанскиот риболов за Охридското езеро. Ќе започнеме со собирање материјали, видео и пишани документи и изјави на научници кои ќе бидат испратени до сите надлежни фактори во Европа. Ако претходно на ова прашање работевме за албанската страна од езерото сега ќе мора тоа да го правиме и за македонската страна вели Димитриевски.

Идниот концесионер годишно на државата ќе треба да и плаќа 33000 евра или 12 милиони денари за период од 6 години. Ќе има право да лови 2 тони пастрмка и 200 тони плашица на годишно ниво. Ќе треба да вработи 24 рибари додава Димитриевски според кој езерото на овој начин ќе се уништи за наредните 50 генерации. Неофицијално идниот концесионер е фирмата „Пастрмка 2012 година“ од Охрид.

Мики Трајковски

 

Би можело да ве интересира

Почувствуван земјотрес во Охрид и околината

Жена загина во сообраќајна несреќа што се случи во центарот на Охрид

Горан Наумовски

Уште еден земјотрес во Охридско-струшкиот регион

Серија земјотреси во регионот на подрачјето Пештани-Охрид-Струга

Горан Наумовски

Нов огромен објект никнува во старата чаршија, алармира Охрид СОС

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец повеќе пати силувал малолетничка, девојчето во март се породило