Владата ги зголеми ученичките стипендии

Од:

Стипендиите за учениците запишани во средните училишта во Република Македонија за учебната 2012-2013 година ќе се зголемат за 25 проценти, одлучи Владата на вчерашната седница.

Месечните износи за сите категории ученички стипендии, како што информираше владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев денеска на прес-конференција, линеарно се зголемуваат за 500 денари за сите пет видови стипендии кои активно ќе се доделуваат оваа година или за 5.000 денари на годишно ниво. Покрај износот, тој посочи дека за 10 отсто се зголемува и бројот на лицата кои добиваат стипендии.

– Стипендијата за талентирани ученици – спортисти која ја добиваат 120 корисници и чиј месечен износ изнесуваше 2.200 денари се зголемува на 2.700 денари. Месечниот износ на стипендијата за талентирани ученици од средното образование од 2.200 денари сега ќе изнесува 2.700 денари. Владата реши да го зголеми бројот на корисниците на оваа стипендија и од претходните 50 сега ќе ја добиваат 100 корисници, рече Ѓорѓиев.

Месечниот износ на стипендија за ученици со посебни потреби која ја добиваат 50 корисници и изнесуваше 2.000 денари сега ќе изнесува 2.500 денари, додека стипендијата за социјална поддршка што ја добиваат 400 корисници од по 1.500 денари се зголемува на 2.000. За 500 денари, рече Ѓорѓиев, се зголемува и месечниот износ на стипендијата за ученици – деца без родители од 2.000 на 2.500 денари, а ја добиваат 60 корисници.

– Финалната листа на добитници на ученички стипендии ќе биде објавена во текот на следната недела, истакна Ѓорѓиев.

Би можело да ве интересира

„Студентски отпор“ најави протести доколку не им се исполнат сите барања

Ана Ололовска

Студентски отпор бара средба со министерот за образование

Катерина Павлова-Николовска

Од денеска аплицирање за субвенциониран студентски оброк за студентите кои досега не го оствариле ова право

Средношколците и студентите со своите барања пред МОН – полесна државна матура и подобар студентски стандард

Ана Ололовска

МОН префрли пари, но студентите не се откажуваат од протестот: „Не може пари за оброк да добиваме на крајот од месецот“

Орце Костов

Средношколците ги повикаа студентите на заеднички протест

Катерина Павлова-Николовска