Владата на денешната седница донесе одлука за именување на девет нови амбасадори, кои во наредниот период треба да бидат упатени на дипломатските мисии. Меѓу предложените има претставници од невладиниот сектор, дипломати од Министерството за надворешни работи, како и поранешен министер.
Орхан Муртезани е предложен за амбасадор при НАТО, додека Илина Мангова ќе ја претставува државата во Обединето Кралство. Линда Саљиеска Иљазоска е кандидатка за амбасадорка во Хаг, а Крум Ефремов заминува во Бугарија.
Габриел Атанасов ќе биде нов амбасадор во Романија, каде ќе го наследи Андреј Жерновски. Веле Трпевски ќе ја извршува функцијата амбасадор во Албанија, Андријана Цветковиќ заминува во Јапонија, Димитар Блажевски во Украина, а Фадиљ Зендели во Данска.
Именувањата следуваат по добиеното „зелено светло“ од Владата, а процедурите за нивно официјално стапување на должност се очекува да бидат завршени во наредните денови.
