Владата е подготвена да ги објави записниците за петте историски личности, најави Заев

Од:

Комисијата за историски прашања од 14 записници имаше решено три, денеска имаат аспирација да ги решат останатите 11 записници. Работата оди во една пријателска атмосфера и за мене е сигнал дека сите се трудат да прават напредок, изјави денска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање за работата на зaедничката македонско-бугарска Комисија за историски прашања.

Секое усвојување на записник, нагласи Заев, е напредок.

– Нашата Влада од досега усвоените записници е подготвена на некоја од следните седници да ги објави записниците за петте историски личности, односно трите историски периоди за да испратиме порака, дека веднаш после тоа започнуваме со имплементација на учебниците за 2021-22 година и од бугарска и од македонска страна, за сето она што е поврзано со Цар Самоил, Кирил и Методиј, Климент и Наум Охридски, изјави Заев, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на фотонапонска централа во Неготино.

Тој изрази уверување дека многу брзо ќе има и други решенија, затоа што, преку тие решенија, како што рече, го градиме заедничкото пријателство на двете земји.

Сега е потребен, нагласи Заев, вистински европски чекор на пријателство, кое што ќе даде задолжение и кај нас и кај нив, за уште повеќе да работиме на градење на тоа пријателство што сакаме да го видиме и во Република Северна Македонија и во Република Бугарија.

Би можело да ве интересира

Изјавите на словачкиот претседател за Македонија ја налутија Софија

Дали Зоран Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер, прашува ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

Заев му одговори на Мицкоски: Очаен обид на неспособниот премиер да го пренасочи вниманието на јавноста од неговите неуспеси

Муртезани: Кај премиерот и Владата постои сериозна одлучност за надминување на спорот со Софија по изборите

Катерина Ѓуровски

Уставните измени до 10 февруари, да не се прифаќаат дополнтелни барања од Бугарија – Филипче ја објави Резолузијата со црвените линии

Катерина Ѓуровски