Владата бара нов увид и виузелен приказ за дивоградбите во Стара скопска чаршија

Од:

Владата не го прифати Извештајот за дивоградбите во јадрото на Старата скопска чаршија, што го подготви Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, и му наложи да изврши нов увид на бесправно доградените објекти.

На вчерашната седница во врска со таа точка Владата ја задолжила Агенцијата за катастар да достави визуелен приказ на заштитеното јадро и да ги маркира објектите за кои постои сомневање дека се бесправно доградени.

На седницата е разгледана и усвоена информацијата за извршен инспекциски надзор на изградба на градби од прва категорија на подрачјето на општините Охрид и Струга, како и информација за преземените активности на овластените градежни инспектори за тие подрачја, на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам.

Би можело да ве интересира

Скандалозно: Според Тошковски дивоградбите ќе се уриваат само ако се опасни по живот

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода

Филипче бара расчистување на случајот со нападот врз Арсовска и казнување на сторителите

ДОМ за нападот врз Арсовска: Насилството и дивоградбите не смеат да ја урнат демократијата

Зелен хуман град: Зошто постои МВР?

Арсовска го објави напаѓачот: Структури во МВР прават се да го заштитат и да го заташкаат случајот