Владата бара Комисијата за заразни болести до утре да достави препораки за мерки против вирусот

Од:

Владата на денешната седница го разгледа и усвои записникот од 69. состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирусот Ковид-19, и донесе заклучок Комисијата за заразни болести, врз основа на анализата и сознанијата за актуелната состојба, до првата наредна седница, односно до утре, да достави препораки за да бидат донесени мерки за брзо и ефикасно спречување на ширењето на коронавирусот согласно показателите од теренот.

На денешната седница Владата донесе измени и дополнувања на уредбата со законска сила за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање домашна платежна картичка наменета за купување македонски производи и услуги за време на вонредна состојба.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски