А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Влада: Во дуќаните помали од 20 метри квадратни ќе може да влегува само по еден човек

by А1он22/04/2020 - 19:3822/04/2020 - 19:421701
Share0

На денешната седница Владата донесе Уредба за примена на законот за трговија за време на вонредна состојба. Со оваа Уредба, во листата трговски објекти се додава зборот “дуќани” и се утврдува дека во објектите во кои се врши трговија на мало, истовремено може да пазаруваат најмногу по едно лице на површина од секои 20 метри квадратни, а во објектите со површина помала од 20 метри квадратни може да пазарува само едно лице.

Следете a1on на Instagram Instagram

Со Уредбата се определува дека трговецот е должен да обезбеди заштитна опрема (маски и ракавици) за вработените лица во објектот, а вработените лица се должни заштитната опрема да ја носат постојано во текот на работното време.

Владата денеска ја донесе и Уредбата со законска сила за примена на Законот за поштенските услуги за време на вонредна состојба, со која се утврдува дека за поставување ред и дисциплина при влез, во внатрешноста и при излез од капацитетите и објектите во кои се даваат поштенски услуги, за време на траење на вонредната состојба, ќе се применуваат одредбите од оваа уредба со законска сила.

Согласно оваа уредба, давателите на поштенски услуги се должни да обезбедат редарска служба при влезот, во внатрешноста и при излезот на објектот, за да се запази минимум потребното растојание помеѓу лицата пред и внатре во објектот, да обезбеди спроведување на задолжителна дезинфекција на раце при влез во објектот и задолжително носење на заштитна маска, марама или шал со кој ќе бидат покриени устата и носот на корисникот на поштенската услуга кој влегува во објектот.

Следете a1on на Youtube YouTube

Давателите на поштенски услуги се должни да постават соодветни ознаки со кои се обележува правецот на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на корисниците на поштенските услуги пред и внатре во објектот. Ознаките се поставуваат на растојание од најмалку два метри и тоа: пред секој пункт/шалтер на кои граѓаните пристапуваат за вршење поштенска услуга, како и пред влезот на објектот.

Уредбата ги задолжува давателите на поштенски услуги најмалку еднаш неделно да вршат превентивна дезинфекција во објектите во кои се даваат поштенски услуги.

koronavirus mkdvlada

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски10/09/2026 - 09:1110/09/2026 - 09:45

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

Горан Наумовски09/09/2026 - 13:28

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски08/09/2026 - 14:1608/09/2026 - 15:12

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски06/09/2026 - 12:3006/09/2026 - 12:33

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

Горан Наумовски06/09/2026 - 12:12

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски06/09/2026 - 11:3906/09/2026 - 11:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео