Влада: Судскиот совет да го прифати решението за надомест на штетата на судските службеници

Од:

Владата на Република Северна Македонија бара Судскиот совет да го прифати владиното решение за надомест на штетата на вработените во судската служба од 2016 година.

-Владата укажува на подготвеноста да се излезе во пресрет на вработените на судската служба и ги повикува сите засегнати страни, особено Судскиот совет, да ја препознаат социјалната, демократската и економската вредност на решението кое е во корист на обезбедувања мотивирана и ефикасна служба во судовите, се вели во денешното соопштение од Владата.

Во него се потенцира дека преставници на Владата оствариле повеќе работни средби со претседателите на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (Синдикатот на УПОЗ) и на Судскиот совет на Република Северна Македонија и нивни претставници, заради изнаоѓање решение во врска со прашањето за враќање на задржаните средства на вработените во судската служба за време на штрајкот во периодот од 18 мај 2016 до 15 јули 2016 година. Во текот на остварените контакти, Владата изразила разбирање за наведениот проблем и јасно ја искажа волјата и спремноста за решавање на истиот, преземајќи ја обврската за обезбедување на паричните средства.

-Сепак, и покрај тоа што Владата ги обезбеди потребните парични средства, Судскиот буџетски совет достави известување до Владата, дека за време на штрајкот на судската администрација во 2016-та година, претседателите на судовите извршиле исплата на плата согласно со член 77 од Законот за судска служба, односно на учесниците во штрајкот им исплатиле плата во висина од 60% од платата што ја примиле претходниот месец. Со ова објаснување, Судскиот совет ја извести Владата дека не ја прифаќа Предлог спогодбата на Синдикатот на УПОЗ за исплата на задржаните парични средства од платите на штрајкувачите, се појаснува во соопштението од Владата.

Би можело да ве интересира

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

СДСМ: Поткуп земаат дури и возачите на владата на Мицкоски

Продолжува преписката меѓу Уставен и судиите: Судската независност не може да биде оправдување за непочитување на Уставот

Катерина Ѓуровски