Влада: Постапките за избор на органи на универзитетите ќе продолжат 30 дена по крајот на вонредната состојба

Од:

На предлог на Министерство за образование и наука, Владата денеска донесе измени и дополнувања на Уредбата со законска сила за примена на Законот за високото образование за време на вонредна состојба со цел овозможување редовна организација на високообразовните установи во делот на уписите на сите степени на високообразованите институции.

На денешната седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата и ја донесе одлуката за бројот на студенти за запишување во прва година – прв циклус на студии на јавните високообразовни установи на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Универзитетот во Тетово, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид и Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, во учебната 2020/2021 година, како и Одлуката за дополнителни квоти за запишување студенти припадници на заедниците кои не се мнозинство во Република Северна Македонија во прва година – прв циклус на студии на овие јавни високообразовни установи.

На оваа седница на Владата направено е и допрецизирање во членот 5 од Уредбата за законот за високо образование, кој предвидува дека на органите на универзитетите на кои мандатот им истекува за време на вонредната состојба мандатот, постапките за избор ќе ја започнат, односно продолжат во рок од 30 дена од завршување на вонредната состојба.

Со ова дополнување се регулира дека сите почнати постапки за избор на раководен орган пред стапување во сила на оваа уредба ќе се стават во мирување. Дејствијата кои се преземени претходно се сметаат за важечки, а останатите дејствија ќе продолжат по завршување на вонредната состојба и по престанок на ограничувањата предвидени со закон.

Со ова дополнување се гарантираат транспарентноста и инклузивноста при процесите на универзитетите во рамките на воспоствената правна рамка.

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски