Влада: Податоците од пописот се основа за креирање на идниот развој

Од:

Пописот на населението, домаќинствата и становите кој ќе се спроведе во април 2021 година ќе ги даде сите потребни одговори во однос на обезбедување квалитетни статистички податоци кои се клучни за градење стратегии и политики и за успешен и предвидлив развој на државата, соопштија од Владата.

Истакнуваат дека пописот не е и не смее да биде политичка операција, туку независна статистичка операција, организирана согласно стандардите не Обединетите нации и според правилата на Евростат, статистичка операција која ни недостига речиси 20 години.

– Пописот годинава ќе се спроведе со значително помалку средства споредено со последниот неуспешен обид за попис, поевтино од што се предлагаше, а се спроведува со најмодерните алатки и технологии. Пописот е задолжителна активност и законска обврска за сите лица и домаќинства. Во Извештајот на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија, пописот се споменува како важна обврска на нашата држава која треба да биде реализирана. Поглавјето статистика е едно од поглавјата од првиот кластер во преговорите со ЕУ, наведуваат од Влада.

Потенцираат дека со учеството во пописот секој граѓанин ќе даде свој личен придонес кон подобра иднина за сите нас. Тоа е, како што посочија, наша должност, наша обврска кон државата, кон нас самите и кон нашите деца.

– Преку одговорното учество граѓаните ќе придонесат во ажурирање на податоците, со цел да обезбедиме факти наместо претпоставки, да обезбедиме податоци важни за општините, за бизнис заедницата, за невладиниот сектор и секој граѓанин како дел од нашата држава. Ажурираните податоци, кои ќе ги обезбедиме преку пописот, овозможуваат општините да го планираат својот развој, условите за инвестициите, буџетските средства и ќе можат да ја зголемат прегледноста врз основа на која ќе ги планираат буџетските средства и средствата од ЕУ фондовите, се вели во соопштението од Владата.

Посочуваат дека методологијата и темите на пописот се дефинирани од страна на меѓународните статистички тела и се рефлектираат и во законодавството на ЕУ.

– Програмата за попис на населението и домаќинствата во 2020 година е координирана од страна на Статистичката комисија на Обединетите нации и Конференцијата на европски статистичари на UNECE. Принципите и препораките за 2020 година беа одобрени уште во 2015 година. Државниот завод за статистика ги има сите професионални и стручни капацитети и е подготвен успешно да одржи и спроведе попис согласно стандардите на Обединетите нации и на Евростат, информираа од Влада.

Нагласуваат дека пописот 2021 по прв пат дава можност да се попишат и нашите граѓани и нивните домаќинства во странство.

– Ова ќе овозможи давање приказ на миграциските движења, што е добра основа за градење стратегии и политики за успешно запирање на овој процес. Пописот 2021 е нашата заедничка иднина, која ни отвора европска перспектива за нашата држава и за нас лично како нејзини граѓани, се наведува во соопштението од Владата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски