Влада: Отпочнува реализацијата на проектот за пречистителна станица за отпадни води во Скопје

Од:

Владата на денешната 33 седница ја разгледа и ја прифати информацијата за склучување на билатерален договор за ко-финансирање на проектот „Подобрување на инфраструктурата за собирање на отпадни води за градот Скопје“ помеѓу Европската комисија и Владата на Република Македонија

Владата го задолжи министерот за финансии веднаш да ја извести Делегацијата на ЕУ во Скопје дека Владата на Република Македонија ја започна постапката за обезбедување на финансиски средства за целосна изградба на пречистителната станица во Скопје со секундарен третман на отпадни води.

За реализација на овој значаен проект, Владата ги задолжи Министерството за финансии и Министерството за животна средина и просторно планирање, веднаш да подготват и достават барање до Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициона банка и КфВ банката за да достават заедничка понуда за подготовка и финансирање на проектот со заем, инвестициски грант и грант за техничка помош.

Би можело да ве интересира

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски