Влада: Осудуваме секаков говор на омраза, навреда и клевета

Од:

Владата на Република Македонија го осудува говорот на омраза, исто како што ги осудува обидите за клевета и навреда, и тоа е став кој досега многупати сме го истакнале, се вели во соопштението од Владата во врска со изјавата на германската амбасадорка Гудрун Штајнакер дадена за дел од медиумите, со која ја прозива македонската Влада за наводно нереагирање на присуство на говор на омраза, навреда и клевета насочени кон определени лица.

– Во Република Македонија не постојат законски механизми низ кои што може да се реагира од страна на Владата по некаква службена должност во случаи на присуство на говор на омраза, навреда и клевета насочени кон трети лица или дипломати. Уште еднаш потенцираме дека го осудуваме секој говор на омраза и обиди за клевета и навреда, без разлика од која страна се изречени и кон кого се однесуваат, се вели во соопштението.

Во дoписот се посочува дека таквите непромислени јавни настапи во кои постои присуство на говор на омраза, или пак обиди за навреда и клевета, прават штета на Република Македонија, и лицата кои тоа го прават треба да знаат дека освен тоа што себеси се изложуваат на можност да бидат тужени и законски санкционирани, истовремено прават сериозна штета на угледот на државата и напорите за напредок.

– Владата на Република Македонија сака да истакне дека силно ги обесхрабрува ваквите јавни настапи независно дали доаѓаат од новинар или кој било граѓанин на Република Македонија, се наведува во соопштенито.

Воедно, се посочува дека постои можност по службена должност Јавното обвинителство да го покрене гонењето против ова дело, за кое Владата го охрабрува јавниот обвинител доколку постојат елементи на кривичното дело од член 181 од Кривичниот законик „Повреда на угледот на странска држава“, да постапи по службена должност.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов