Влада: Од 15 август само вакцинираните ќе смеат да одат на поголеми прослави, семинари, спортски настани и конференции

Од:

Владата на вечерашната седница донесе одлуки со цел спречување на ширењето на новиот бран КОВИД-19, кои во голем дел се контрадикторни, судејќи според соопштението испратено до медиумите.

Имено, во првиот дел од мерките се вели дека од 15 август „се забранува работа и организација на секаков вид настани на затворено во сите угостителски објекти (и во кафетерии)“, за во другиот дел од мерките да се каже дека само вакцинираните, макар и со една доза ќе имаат право на влез во секаков вид на објект, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица.

Оттаму, не е прецизно наведено точно за каде ќе биде потребен сертификат за вакцинација, доколку на сите угостителски објекти ќе им биде забрането да организираат секаков вид настани.

Ова се владините мерки донесени на вечерашната седница:

До 15 август, сите угостителски објекти регистрирани за прослави смеат да работат на затворено, само со почитување на КОВИД-19 мерките, со исполнетост до 40% од капацитетот и најмногу 250 гости, согласно постојните протоколи кои се во сила.

За ноќните клубови (дискотеки), кабареа, барови останува забраната за работа во затворениот дел од објектот, освен во отворениот дел (тераси) со 50% од капацитетот на просторот и ограничен број на посетители до најмногу 1.000 посетители, согласно постојните протоколи.

Од 15 август целосно се забранува работа и организација на секаков вид настани на затворено во сите угостителски објекти (и во кафетерии), вклучително и прослави во угостителски објекти регистрирани за прослави или друг тип објекти од затворен тип.

Од 15 август се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид на објект, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани).

Приложувањето и поседувањето потврда за извршена имунизација – најмалку прва доза вакцина, се однесува на лица над 18 годишна возраст.

Се задолжуваат надлежните инспекциски служби во претстојниот период да ги интензивираат контролите со цел стриктна примена и почитување на превентивните препораки, времените мерки и наредените мерки по однос на КОВИД-19.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски