Влада: Обезбедена е навремена испорака на бесплатни учебници во сите основни училишта

Од:

Владата соопшти дека прв пат по седум години е обезбедена навремена испорака на бесплатни учебници во сите основни училишта.

Според Владата, обезбедени се 10-тина нови наслови во основното и над 100 во средното образование, кои досега не биле отпечатени.

-Суштинска определба на Владата е образованието да биде достапно за секого. Една од заложбите беше по повеќе години да се обезбеди навремено печатење и дистрибуција на бесплатни учебници за сите основци. Оваа година се става крај на учењето од скрипти и други помагала. Прв пат по седум години учебната година почнува со навремено испорачани учебници во сите основни училишта во државата. За сите ученици Министерството за образование и наука испорача 360 илјади примероци од одобрените учебници и наставни материјали. За само два месеци се постигна тоа што не беше направено седум години, наведуваат од Владата.

Дополнуваат и дека во основното образование ќе недостигаат петта година по ред учебници за странски јазици од прво до деветто одделение зашто претходното раководство во Министерството за образование и наука ја поништило постапката за јавна набавка и таа одлука е во жалбена фаза која сé уште трае.

-Учебниците за секого е доказ дека на овој начин државата и Владата создава за секој еден поединец, истакнуваат од Владата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Јаневска: Критериумите, а не тиражот, се клучниот предизвик за учебниците

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија