А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Влада: Намалени службените трошоци на премиерот и министрите

by А1он29/10/2018 - 13:05262
Share0

Владата на Република Македонија ја дополни Алатката за отчетност која е достапна на веб-страницата http://vlada.mk/otchetnost-troshoci.

Добивај вести на вибер

Од денеска на јавноста и се достапни личните службени трошоци на носителите на јавни функции за периодите: декември 2017 – мај 2018 и декември 2014 – мај 2015 година, со можност за споредби меѓу различните функционери, институции и периоди.

Според достапните податоци во алатката, за над 65 проценти се намалени службените трошоци на актуелната Влада во вторите шест месеци од нејзиното работење, во однос на првите шест месеци.

„Дополнително, споредено со претходната, оваа Влада реализирала три пати помалку пари на граѓаните за лични службени трошоци за периодот декември 2017 – мај 2018 или поточно 15 081 921 денари, во однос на 48 504 457 денари потрошени од претходната влада, за период декември 2014 – мај 2015.

За првите 12 месеци од работата на оваа Влада според податоците во Алатката јавните функционери потрошиле 37 милиони денари, во споредба со 94 милиони денари на претходната влада, односно два и пол пати помалку.

Транспарентноста на Владата на РМ дава резултати на штедење и домаќинско работење. Заштеди има во сите типови трошоци, а посебно во угостителските услуги каде има скоро двојно помалку трошоци односно 6 352 591 денари, во споредба со 11 000 030 денари за периодот јуни – ноември 2017.

За споредба, вкупниот износ на угостителските услуги на компаративниот период декември 2014 – мај 2015 на претходната Влада е речиси четири пати поголем и изнесува 22 335 614 денари.

Алатката за отчетност на Владата беше промовирана во месец март оваа година, кога министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски ги презентираше и спореди трошењата на министрите на оваа и претходната влада за периодот јуни-ноември 2014 и јуни-ноември 2017.

Целта на алатката да е врши мониторинг врз трошењата и работата на носителите на јавни функции и да ги наметне и промовира вредностите за кои оваа Влада силно се залага, а тоа се: штедење на парите на граѓаните и домаќинско работење, како и транспарентност и отчетност пред граѓаните. Владата силно ќе продолжи и во иднина да се бори за овие вредности, преку различни алатки, мерки и политики“ се вели во соопштението на Владата.

trosocivlada

Би можело да ве интересира

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Горан Наумовски30/12/2025 - 15:13

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

Горан Наумовски23/12/2025 - 16:27

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски22/12/2025 - 09:0722/12/2025 - 11:44

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Катерина Ѓуровски17/12/2025 - 14:45

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Горан Наумовски11/12/2025 - 13:39

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези

Горан Наумовски10/12/2025 - 14:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен