Влада: Намалени се програмираните средства од ИПА, не се работи за санкции

Од:

Не се работи за санкции, туку за намалување на програмирани средства, се наведува во реакцијата од владината прес-служба по одлуката на Европската Комисија за намалување на средства од ИПА фондовите за Македонија.

Со мотивите и целите на одлуката, истакнуваат, најдобро е запознат органот кој ја донел таа одлука.

Има, како што наведуваат, два аспекта: внатрешен и надворешен.

– Внатрешниот е поврзан со фактот дека повеќе од една година лебдеше спроведување на избори. Во тој период институциите беа политички хендикепирани преку блокирачки механизми во неколку клучни министерства, вклучително и Министерството за финансии. Најголемата опозициска партија своето уцество во владата не го искористи за зголемуванје на довербата во избирацкиот процес, како сто е предвидено со договорот. Сосема спротивно, фокусот го стави на блокирање на институциите и правење што поголема штета за државата, се вели во реакцијата.

Надворешниот аспект, додаваат, пак е поврзан со искуствата на ЕК во претходните процеси на проширување, каде масовно се финансираа инфраструктурни и други проекти преку пристапни или подоцна структури фондови во нововлезени земји. Ефикасноста во тие трошења предизвика многу аларми. Како последица, со новите инструменти за пристапна помош предвидени се повеќе рестрикции, кои ги ограничуваат обемот и областите на прилив на европски фондови, согласно тековните планирања, тросења и приоритети. Согласно поуките од минати грешки во проширувањето со други земји, денес приливот на средства е многу порестриктивен, соопштуваат од владината прес-служба.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски