Влада на Словенија: Сите кои биле во Македонија во задолжителен 14-дневен карантин

Од:

Словенечката Влада објави дека донела одлука сите оние кои доаѓаат од Северна Македонија мораат да одат во задолжителен 14 дневен карантин.

Ваквата одлука важи за сите, без разлика дали се државјани на Словенија, Северна Македонија или држава членка на Европската Унија.

– Епидемиолошката ситуација во Северна Македонија е вонредно тешка. Сите они кои во Словенија ќе дојдат од таа држава, дури и словенечките државјани, мораат да одат во 14 дневен карантин, објави словенечкото Министерство за внатрешни работи.

Карантинот за Словенците кои се враќаат дома од други земји е укинат пред три недели.

Би можело да ве интересира

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Словенија воведе ограничување на горивото поради проблеми со снабдувањето

А1он

Како израелска приватна разузнавачка компанија се најде во центарот на словенечките избори

65-годишен скијач од Словенија тешко се повреди на Шар Планина

Горан Наумовски

Македонска инвестиција во словенечкиот приватен здравствен сектор: што значи потегот

Над 19.000 домаќинства во Словенија се без струја поради снежно невреме

А1он