Влада на РМ: Иванов остана доследен на определбата да ги дели граѓаните и потврди дека живее во свет на заговори

Од:

Владата на Република Македонија со писмено соопштение реагира на обраќањето на претседателот Ѓорге Иванов.

„Претседателот Иванов и со денешното свое обраќање пред македонската јавност, во Собранието на Република Македонија, докажа дека остана доследен само на својата определба да продолжи да ги дели граѓаните, која денеска ја дополни со конструкции со кои потврди дека живее во свет на заговори.

Со овој свој настап тој уште еднаш докажа дека наместо да го прочита Договорот од Преспа, и да ги поддржи гаранциите за идентитетот и за просперитетот кои ги нуди овој Договор, тој продолжува да шири невистини и омрази, обидувајќи се со тоа да го попречи напредокот на граѓаните на Македонија.

Иванов не верува во сопствената земја и сопствениот народ, а за да го прикрие тоа конструира измислици дека е жртва на некакви активности против него без никаква основа. Зборува само за темнина – јазли, поништувања, негирања, пандорини кутии.

Тоа го прави Иванов претседател заглавен во минатото, пасивен, дефокусиран, без јасно изразена европска и евроатланска агенда. Иванов е политичар кој не е посветен на стратешките интереси на државата.

Иванов си оди. Тој не успеа и нема да успее да ги попречи интеграциите, напредокот и пријателствата кои ги гради Република Македонија.

Иванов може да зборува само за еден единствен неуспех – сопствениот, неуспехот на неговиот мандат. Со сите свои постапки Иванов сакаше да го запре просперитетот, но не успеа.

Граѓаните, меѓународната заедница, ЕУ и НАТО ги поздравуваат интеграциските и реформските политики на Владата на РМ со што нашата земја е поставена на патеката на успехот, со обезбеден просперитет и идентитет“ се вели во реакцијата на Владата на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Собранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања

А1он

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Владата бара итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел на правосудниот испит

Горан Наумовски

Милошоски: Измени на Кривичниот законик за намалување на ризиците поврзани со членството во СЕПА

(ВИДЕО) Опозицијата го критикува вториот ребаланс на Буџетот: Висок дефицит и намалени капитални инвестиции

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Катерина Ѓуровски