Влада: Мицкоски може да побара средба со Заев, за лидерска е потребен термин кој ќе одговара на сите

Од:

Лидерска средба ќе се одржи во термин кој им одговара на сите политички субјекти кои се дел од овој вид средби. Во меѓувреме, додека се утврди термин кој одговара за сите, лидерот на опозицијата може да побара средба со премиерот, велат од Владата во врска со барањето на ВМРО-ДПМНЕ за итна лидерска средба за преговорите за името.

Владата е децидна дека секогаш навреме информира кога има значаен развој во текот на преговорите.

– Владата на Република Македонија како и секогаш досега кога има значаен развој во текот на преговорите за проблемот кој го има Република Грција со нашето уставно име, навремено и целосно ги информира сите засегнати политички субјекти. Истовремено, транспарентно и одговорно ја информира и јавноста, односно граѓаните на РМ, наведуваат од Владата на РМ.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев денеска на прес-конференција рече дека бараат итна лидерска средба, уште утре, на која премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров во присуство на претседателот на државата Ѓорѓе Иванов би ги соопштиле деталите и насоките по кои се движат разговорите за името.

Јанушев нагласи дека поради ваквото барање, партискиот лидер Христијан Мицкоски ја прекинал работната посета на Италија и веќе е на пат кон Македонија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски до Филипче: Мерките даваат резултат, инфлацијата e ниска

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

(ВИДЕО) Мицкоски: Дизелот поевтин за 4, бензините за 2 денара по литар