Влада: Мерките 6 и 9 ќе се реализираат до март 2018

Од:

Владата на вчерашната седница ја разгледа и прифати информацијата „Фактографски преглед на статусот на имплементација на мерките предвидени во Планот 3-6-9“ заклучно со 14 ноември 2017 година, како и информацијата за активностите што ќе бидат преземени во наредниот период што ги опфаќаат одредниците 6 и 9 во планот.

Предвидените мерки е планирано да се реализираат до декември 2017 година/март 2018 година или пред објавувањето на следниот редовен Извештај на Европската комисија за Македонија. Ги опфаќаат реформите на правосудството, на безбедносните и разузнавачките служби, зајакнувањето на капацитетите на Собрание на Република Македонија, во што учествува Владата во рамки на своите надлежности за поддршка на мерките за обновување и развој на демократскиот амбиент, низ политички дијалог и соработка со сите парламентарни партии, а особено со опозицијата, во делот на именувањата на државни функционери. Владата, како што стои во соопштението, се обврзува да ги почитува во целост законските процедури и критериуми при именувањето на лица на раководни позиции како и членови на управни и надзорни одбори, реформа на јавната администрација и добро управување, борбата против организиран криминал и корупција, реформите во медиумите, соработката со граѓанско општество, како и политиките за миграции и гранично управување.

Би можело да ве интересира

Османи: Вклучувањето на невладиниот сектор има клучна улога за постигнување широк општествен консензус за планот 3-6-9

Ана Ололовска

Трибина со граѓанскиот сектор за Планот 3-6-9

Ана Ололовска

Османи: Потребен ни е широк општествен консензус за реформите од планот 3-6-9

Ана Ололовска

Деловите шест и девет од Планот 3-6-9 пред Јоханес Хан

Ана Ололовска

Меѓународна поддршка за приоритетните реформи на разузнавачките и безбедносните служби предвидени во Планот 3-6-9 на Владата

Наум Локоски

Владата на РМ го отвори процесот за консултации со граѓанските организации за Планот 3-6-9 за итни реформи

Наум Локоски