Меѓународна поддршка за приоритетните реформи на разузнавачките и безбедносните служби предвидени во Планот 3-6-9 на Владата

Од:

Делегација на Владата на Република Македонија предводена од премиерот Зоран Заев, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, како и Заменик претседателот на владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, одржаа средба со амбасадорот на ЕУ Семуел Жбогар, амбасадорот на САД Џес Бејли, на Велика Британија Чарлс Гарет, на Холандија Воутер Пломп, на Шведска Матс Стафансон, како и амбасадорката на Швајцарија Сибил Сутер Тејада.

На средбата се разговараше за заложбите на владата за исполнување на предвидените активности во рамките на Планот 3-6-9 во насока на „Извештајот на Прибе“, а кои се поврзани со реформите на разузнавачките и безбедносните служби.

На состанокот, групата амбасадори од земјите членки на Европската Унија, како и САД, ја презентираа можноста во рамките на идните реформски активности во оваа насока да се вклучи „DCAF“ – (Демократска контрола на вооружените сили) од Женева, посебно во поддршка на процесот на зајакнување на собраниската и судската контрола врз службите.

Амбасадорите на средбата во Владата на Република Македонија искажаа подготвеност на нивните влади да ги подржат овие суштински реформи во Македонија од технички и од финансиски аспект.

Премиерот Заев на состанокот потенцираше дека владата се раководи од идејата реформата во оваа област да биде транспарентна, темелна и сеопфатна и да биде под целосна контрола на институциите.

Претседателот на владата Заев, на состанокот се заблагодари за можноста да се подржат реформите за зајакнување на собраниската и судската котрола на службите преку “DCAF”, истовремено укажувајќи дека и државата е подготвена да ги подржи финансиски овие реформи со сопствени средства, имајќи го предвид значењето во насока на владеење на право, почитување на основните човекови права, како и нивната улога во забрзување на евроинтегративните процеси.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски