Деловите шест и девет од Планот 3-6-9 пред Јоханес Хан

Од:

Делегација на Владата на Република Македонија, предводена од Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, а во која учествуваат и Заменик Претседателот на Владата и Министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, Министерот за правда, Билен Саљији, како и Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, ќе бидат домаќини на Комесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан. Средбата ќе се одржи денеска, во просториите на Секретаријатот за европски прашања.

На средбата, Вицепремиерот Османи ќе ги презентира новите реформски пакети Шест и Девет, кои претставуваат дополнение не Планот 3-6-9, а во кои се содржат реформите кои произлегуваат од сите забелешки, препораки и сугестии во извештаите на Европската Комисија, како и сите други релевантни меѓународни и домашни институции.

Посебен осврт на реформските приоритети во клучните области, правосудството, реформата на безбедносните служби, како и реформите во јавната администрација, во детали ќе ги презентираат соодветните ресорните министри задолжени за нивна подготовка и имплементација, Спасовски, Саљији и Манчевски.

Османи, на Еврокомесарот Хан ќе му ги претстави и клучните делови од извештајот за имплементација на делот три од Планот 3-6-9, кој беше крунисан со одржувањето на фер, слободни и кредибилни избори.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски