Влада: Државните карантини се безбедни и строго контролирани, нашите државјани сместени таму не се закана за никого

Од:

Владата апелира до граѓаните да бидат уверени дека сите мерки што се преземени за прифаќање на нашите државјани кои се најдоа во странски земји се по највисоки здравствени стандарди. Станува збор за обезбеден капацитет од 2104 легла во моментов во целата држава, во 19 сместувачки објекти, а од нив пополнети до сега се 1082 легла.

Граѓаните сместени во државните карантински објекти не се закана за никого, а објектите ги обезбедуваат полицијата и војската. Ниту еден граѓанин сместен во државен карантин во периодот од 14 дена не смее да ја напушти сопствената соба, ниту објектот, а секој кат од секој сместувачки објект е строго контролиран и обезбеден од војската и полицијата. За секој од нив е направена епидемиолошка анкета и определен е соодветен режим во карантинскиот објект кој е целосно безбеден и строго контролиран и надгледуван. Нема ниту најмал простор за загриженост, а најмалку за паника, обезбедени се највисоки здравствени стандарди и протоколи.

Сите мерки што се преземени, за утврдување на локацијата и објектите за карантин, се направени исклучиво согласно препораките на Светската здравствена организација и врз сериозни и стручни анализи и проценки.

Во таа насока, целосно ја поддржуваме Општина Битола која повика на состојбата на солидарност, човечност, колективност какви што граѓаните на Битола секогаш покажувале. Наша заедничка мисија нека биде граѓаните сместени во објектот предвиден за државен карантин да ги поминат во мир 14-те денови во изолација, бидејќи тие не се таму по сопствена волја, туку исклучиво заради строгото спроведување на мерките кои се преземаат во нашата земја и во целиот свет за справување со пандемијата.

Ова е време на солидарност. На секој граѓанин ќе му биде пружена соодветна помош од стручните здравствени работници.

Тоа е одговорно однесување. Тоа е силен отпор против заканата, се наведува во соопшението од владата.

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски